ЗНМ ја осудува изјавата на Заев и бара јавно извинување
Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува денешната изјава на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето.
Го повикуваме Претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред се на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите.
Премиерот Заев како Претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.
Истовремено, во својата изјава Претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција. Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини.
Здружение на новинарите на Македонија
Ново на Сител
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење

