Историски успех во македонското здравство, робот оперираше пациент со карцином на простата
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион.
Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап.
Со оваа интервенција, македонското државно здравство прави историски исчекор во развојот на минимално инвазивната роботска хирургија, отворајќи нови можности за современ третман.
Овој успех се должи на спремноста на државното здравство да вложува во континуирана едукација на стручните кадри и соодветна најсовремена опрема во Клиниките и со тоа да создаде услови за развој и имплементација на најсовремените хируршки методи и технологии .

Операцијата ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог. При зафатот беше користен роботскиот хируршки систем EdGe Medical, со примена на Single Site метода, односно хируршки пристап преку еден единствен отвор.
Овој пристап овозможува поголема прецизност при интервенцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и побрзо закрепнување. Според достапните сознанија, ова е и прва примена на Single Site метода од ваков тип во Европа.
Овој роботски систем покрај во урологијата ќе има можност да се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.
Со имплементирање на роботскиот хируршки систем нашата држава Македонија застанува рамо до рамо со останатите развиени европски земји , отворајќи нови можности за современ третман на пациентите во земјава.

Ново на Сител
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
