Почеток на кампањата „Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“
„Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ е насловена едномесечната кампања против трговија со луѓе, чиј почеток денеска ќе го промовираат Здружението на граѓани „Отворена Порта- Ла Страда“ и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) на Европскиот ден за борбата против трговијата со луѓе.
Кампањата „Спречи ја трговијата со луѓе- прашај, помогни, пријави“ е подржана од УНИЦЕФ, Холандска Амбасада, UK Aid Dift, Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија.
Националниот координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Сања Димитриевска, како што е најавено, ќе ги презентира заложбите на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе во присуство на претставници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Секретаријатот на Комисијата, претставници од МВР, Министерството за труд и социјална политика, Локалните комисии за борба против трговија со луѓе од Штип и Битола, Центрите за социјални работи, невладини и меѓународни организации ќе ги презентира заложбите на Република Македонија во борбата против трговијата со луѓе.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје