Знаеле дека кочниците на кобниот автобус на „Дурмо турс“ се неисправни: Еве кој ќе одговара за трагедијата која однесе 16 човечки животи
Неколкумина инволвирани во трагичната несреќа кај Ласкарци се обвинети дека директно или индиректно придонеле за смрт на 16 лица кои загинаа на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ сообраќаше на релација Скопје- Гостивар. Меѓу нив се возачот на автобусот кој помина со повреди, но и сопственикот на компанијата.
По неколкумесечно вештачење од стручни лица на Машинскиот факултет, скопското Обвинителство го обзнани обвинението во кое точно се објаснети ситуациите, односно улогата на секој од лицата што ја условија стравичната несреќа.
Сопственикот на „Дурмо турс“ не водел никаква сметка за исправноста на автобусите, односно бил свесен дека кобниот автобус е нецелосно исправен, но не презел ништо, а исто така и шефот на возниот парк.
Соучесници во трагедијата се и тројца вработени од станицата за технички преглед кои утврдиле уште неколку месеци пред несреќата, поточно во јули 2018 година, дека кочниците се неисправни, но тоа не го запишале во записник, а потоа пак на следниот технички преглед воопшто и не ги провериле кочниците.
Исто така, обвинет е и возачот заради брзина над дозволената.
За сите овие лица обвинителството бара притвор, освен за контролорот кој бил задолжен за работата на тахографот. За него е констатирано дека дал потврда оти тахографот е исправен и покрај тоа што знаел дека има вграден уред за манипулација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко