Меѓународен ден на образованието
Државата мора да размисли за воведување на бесплатно студирање бидејќи само така ќе го спречиме се поголемиот број на одлив на мозоци. Покрај застарените студиски програми и ова е една од главните причини поради кои младите се повеќе заминуваат на студии во Словенја. УСС бараат пристојни услови за престој и повисок студентски стандард за да останат младите дома. Сметаат дека со новиот закон за високо образование мора да се направи соодветна евалуација за да се намали бројот на универзитети кои не продуцираат квалитетен кадар.
За средношколците веќе не се пресудни оценките, тие бараат да бидат препознаени и насочени од училиштата во кој смер да го продолжат високото образование. Тие веќе предложиле свој акциски план кој очекуваат да биде прифатен од МОН со новата концепција за средно гимназиско образование.
Министерката Јаневска не очекува преку ноќ да се подобрат состојбите но со новите законски решенија вели ќе се направи голем исчекор напред. Во тек е менување на наставни програми, новата концепција за гимназиско образование и законот за средно кои ќе донесат поголем ред во образованието.
Опозициската СДСМ на меѓународниот ден на образованието со остри критики за актуелната министерка, ја обвинија дека за неколку месеци го вратила образованието една деценија назад.
По инспекциските надзори МОН до сега затвори 6 приватни научни институти а на 15 им е наложено да ги отстранат констатираните недостатоци. Казни има и за дел од државните универзитети.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар