Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
Разбиена терористичка ќелија која сакала да изврши напад врз цивилни цели во Македонија. Четири лица се уапсени во големата големата акција на АНБ, МВР и Јавното обвинителство за организиран криминал.
До терористичката ќелија, безбедносните служби дошле преку канал на апликацијата Телеграм каде биде објавувани пропагандни материјали од терористичката организација Исламска држава. Акцијата е продолжение на апсењата во Струга и Гостивар на средината на декември кога исто така беа уапсени четири лица, исто така поврзани со ИСИС.
-Беа извршени претреси на дом и други простории на пет локации во Скопје и Гостивар. При претресите беа пронајдени и одземени се повеќе предмети меѓу кои автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Келијата била оформена од едно лице, а другите тројца биле негови следбеници. Според безбедносните служби, целта била да се извршат напади врз т.н. меки цели, или објекти каде главно има цивили и тоа на територијата на Македонија. Целата нивна комуникација одела преку Телеграм, руска апликација која се користи за криминални активности со оглед на тоа што нејзиниот менаџмент не соработува со надворешни држави и истражни органи.
-Првопријавениот формирал повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во коишто споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови. Се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатстава за изработка на импровизирани експлозивни направи коишто потоа ќе ги искористат за извршување на терористички напади, вели Андреевски.
Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција побарало, а Судот веќе прифати 30-дневен притвор за четворицата осомничени терористи. Според кривичниот Законик, за лидерот на групата предвиден е затвор од најмалку осум години, а за тројцата припадници затвор од четири до десет години.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар