Зла судбина: Побегна од војната, го заклаа крадци
Бранко Лалиќ (65) е пронајден мртов во неделата попладне во својата куќа во населбата Ненадиќ, недалеку од Сомбор.
На вратот на несреќниот човек видлива била поголема исеченица, поради што се сомнева дека човекот е убиен, на тоа укажува и фактот што бил испревртен мебелот во куќата.
-Најверојатно разбојништво е во прашање, но ќе имаме повеќе информации по истрагата. Куќата во која се случи злостроството малку е изолирана, поради што никој од соседите не слушнал ни видел нешто необично, вели извор од истрагата.
Увидот траел и вчера во текот на целиот ден, а инспекторите разговарале со соседите и познаниците на настраданиот човек.Сите тие тврдеа дека Лалиќ бил скромен човек, љубезен сосед и уреден домаќин.
-Не се занимавал со земјоделие, но го одржувал домаќинството, редовно косел во дворот и ги кастрел дрвата. Беше повлечен но драг човек, вели една сосетка.
Тие велат дека во деведесетите години избегал од Осијек со мајката, која неодамна починала.
-Зборуваше дека планира да се отсели на Фрушка гора, а неодамна ја огласи и куќата на продажба. Веројатно разбојниците поради тоа мислеле дека има пари или некои други драгоцености, раскажува соседот.
Тој вели дека сите во селото стравуваат за својата безбедност.
-Се плашиме. Бранко не згазнал мравка, а настрада како да бил мафијаш. Од вчера сме сите под клуч, а ноќе уште повеќе ни е страв, вели една жена од селото.
Ужасна глетка, го пронашол роднина
Безживотното тело на Бранко во локва крв и меѓу расфрлените работи прв го видел неговиот роднина Ж.Б. кој дошол да провери зошто Лалиќ не му се јавува на телефон. Веднаш ги повикал полицајците и итната помош, кои со помош на пожарникарите ја скршиле заклучената врата и влегле во куќата.
Ново на Сител
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот