Жители на Врање одат по млеко во Македонија
Недостигот на млеко последниве денови во Србија ги натера жителите на Врање уште еднаш да ја искористат близината на граничниот премин со Северна Македонија, па некои, како што пред поскапувањето полнеа таму гориво, сега одат да купуваат млеко. Млекото е поскапо е за десет динари (пет денари), но, како што велат, го има доволно во маркетите.
Како што пишува белградската „Нова.рс“, свежо млеко сè уште нема и во најснабдените маркети во Врање, нема ниту стерилизирани млеко, само повремено на некои маркети може да се најде пакување, кое, како што велат продавачите, „набрзина се разграбува“.
-Луѓето прават залихи, зашто неколку пати наишле на празни рафтови поради оние кои панично купуваат, и сега дури и тие што купиле некои вообичаени, нормални количини, купуваат по неколку пакувања ако наидат на некоја количина, изјави за „Нова.рс“ вработена во познат ланец на маркети.
Многу врањанци кои имаа можност викендов купуваа млеко во соседна Северна Македонија или роднини и познаници на минување им носеа залихи на млеко.
-На мојата роднина и донесов неколку пакети затоа што пред да дојдеме на гости ми кажа дека овде нема млеко. Колку што знам во Скопје го има доволно и чудно ми е затоа што претежно тоа е млеко од Босна и Херцеговина или Србија, рече потрошувачка од Скопје за „Нова.рс“ и додаде дека нема забележано оти луѓето во паника прават залихи и оцени дека луѓето што тоа го прават во Србија создаваат дополнителни проблеми.
Стерилизирано млеко во Северна Македонија чини околу 70 денари (околу 140 динари), а жителите од Србија кои го купуваат таму ризикуваат да имаат проблеми на границата поради транспорт на тој вид храна, пишува „Нова.рс“.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек