Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор
Жител на Мала Речица се снимал и фотографирал со својот мобилен телефон како држи во рака експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, односно две рачни бомби кашикари.
На снимката имал и означена локација во селото Доброште.
Кога се упатил со автомобил кон локацијата, на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице. Лицето ги оставило бомбите покрај патот, со цел да не биде откриен, па продолжил да вози кон селото. Меѓутоа, локалните жители му го попречиле патот и го пријавиле во полиција, по што бил лишен од слобода.
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?