Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
На 12 локации во источна Украина продолжуваат тешки борби, соопштија синоќа во Киев украинските воени лидери.
Украинскиот Генералштаб во својот редовен вечерен рапорт наведе дека „ситуацијата е најлоша во областа Покровское, иако непријателот беше активен и во правец на Лиман и Кураково“, пренесе Хина.
Трите наведени града се наоѓаат во источниот украински регион Доњецк, каде во текот на денот се воделе 123 битки. Од нив, 41 се воделе само во областа Покровска, а 19 напади имало кај Лиман и 17 кај Кураково, се додава во извештајот на Генералштабот на украинската војска.
Според Генералштабот, во околината на Покровск се одбиени 29 напади, но 12 битки се уште траат, а бранителите прават се што можат за да ја стабилизираат ситуацијата и да спречат непријателот да навлезе на украинска територија.
Руското Министерство за одбрана вчера извести дека во оваа област е заземено селото Сокил.
Украинската војска соопшти дека повеќе од 180 руски војници биле убиени во областа Покровск. Покрај тоа, уништени се и неколку руски воени возила, но оваа информација не може да се потврди.
Во моментов не и се гледа крајот на војната. Меѓу другото, Путин сака Украина целосно да се откаже од териториите на Доњецк, Луганск, Херсон, Запорожје и Крим како услов за прекин на борбите. Киев инсистира на целосно повлекување на Русија од сите окупирани територии, вклучувајќи го и црноморскиот полуостров Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година. Путин во четвртокот повтори дека нема да прогласи примирје доколку Киев не ги исполни неговите предуслови.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?