Зголемен водостојот на акумулациите Калиманци и Градче
Зголемениот водотек на реките во Источниот регион придонесе да се зголеми и нивото на акумулирана вода во акумулациите Калиманци и Градче крај Кочани. Како што истакнуваат од Водстопанската подружница „Брегалница“ од Кочани состојбата со акумулациите во регионот е стабилна.
- Во акумулацијата Калиманци од 7 до 12 часот во текот на денешниот ден дотокот на вода изнесува 99 метри кубни во секунда, и досега се акумулирани 114.922.400 метри кубни вода. Во акумулацијата Градче состојбата е поинаква. Таа е на 21 сантиметар од прелив, а дотокот на вода изнесува 5 метри кубни во секунда. Во Градче се акумулирани 2.181.500 метри кубни вода, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.
Од Кочанското водостопанско претпријатие истакнуваат дека будно ја следат состојбата со реките и водостеците во регионот и полнењето на акумулациите Калиманци и Градче. Престанокот на врнежите ќе го намали и водстојот на реките Брегалница и Кочанска Река.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски