Македонија
30. November 2015 - 15:25

Зголемен прометот во трговијата на мало

Прометот во трговијата на мало во октомври годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12,7, а реално за 6,4 отсто) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4,3, а реално за 4,6 проценти).

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалоци и тутун (номинално за 5,1, а реално за 5,4 отсто).