Зголемен бројот на заболени од респираторни болести во Куманово
Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти заболени од респираторни заболувања, информираат од инфективното одделение при Кумановската општа болница.
Оттаму велат дека бројката на пациенти кои бараат помош поради респираторни заболувања почнала да се зголемува од почетокот на декември.
-Пациентите се жалат на проблеми предизвикани од респираторни заболувања, пред се на бронхитис и воспаление на белите дробови. Имаме пациенти кои почнуваат со вирусно заболување, се накалемува бактериска инфекција и завршуваат кај нас, изјави доктор примариус Сунчица Јосифова, началник на инфективното одделение во Кумановската општа болница.
Таа појаснува дека поради временските прилики и аерозагадувањето се очекува да се зголеми бројот на пациенти во понатамошниот период. Граѓаните треба да внивамаат на исхраната, да внесуваат течности, да консумираат овошје и зеленчук и по можност да престојуваат надвор на отворено, но не во градска средина, укажува Јосифова и препорачува редовно одржување на хигиено-диететски режим.
Од инфективното одделение уверуваат дека се подготвени да прифатат и поголем број пациенти.
Моментно се хоспитализирани седумнаесет пациенти, меѓу нив шест заболени од заразна жолтица, пациенти кои гравитираат од подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток