Зголемен бројот на патници во патниот превоз
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во второто тримесечје од годинава изнесува 12 586 илјади и во однос на истиот период лани е зголемен за 9.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 11.0 %, во приградскиот за 6.5 %, во меѓуградскиот за 10.5 %, а во меѓународниот превоз за 91.1 %.
Во второто тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 43.6 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 16.5 %, во приградскиот превоз за 5.5 %, во меѓуградскиот превоз за 6.1 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 97.8 %.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи