Свет
23. August 2015 - 10:46

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди крајбрежјето на Салвадор

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер е регистриран денеска во близина на крајбрежјето на Салвадор, соопшти американскиот Геофизички институт. 

Засега нема информации за жртви и предизвикана материјална штета. 

Епицентарот на потресот бил на 67 километри југозападно од пристанишниот град Акахутла, во департмантот Сонсонате, на длабочина од 49,3 километри.