Балкан
28. December 2023 - 12:30

Земјотрес од 4,2 степени во близина на грчкиот остров Родос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран кусо по 12. 30 часот по локално време во морскиот дел источно од грчкиот остров Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамички институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот е на 11 километри источно од островот, а засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.