Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Ватикан понуди услуги со вештачка интелигенција околу базиликата „Свети Петар“, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.
Во соработка со технолошкиот конгломерат „Мајкрософт“ и „Иконем“ – компанија специјализирана за дигитализација на културно-историски знаменитости, Ватикан ја пушти во употреба новата интерактивна страница, којашто е дигитална разгледница за базиликата. Засега ќе има две ВИ-изложби. Новостите беа претставени вчера, токму навреме за одбележување на Светата година, т.е. Јубилејната 2025 година на Католичката црква, настан којшто се слави секој четвртина век.
– Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ – маѓепсани сте од неговата сјајност!, вели кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе нудат искуство налик набљудување со телескоп или од вселенски брод.
Базиликата дневно ја посетуваат 40.000 до 50.000 луѓе.
Ново на Сител
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
