Земјоделските култури во фаза на зимско мирување, засега ги издржуваат негативните температури
Негативните минимални температури што изминатите денови ја зафатија државата, беа во границите на издржливост на земјоделските култури. Според агрометеоролзоите, зимските форми на жита ги поднесуваат овие температури, а овошките се наоѓат во фаза на длабоко зимско мирување, каде животните функции (дишење, транспирација) се сведени на минимум, но не се прекинати.
- Во овој период овошките бараат одредена сума на ниски температури за да можат нормално да вегетираат идната година. Останатите земјоделски култури исто така бележат стагнација, нема развој и се во зимско мирување. Појавата на снег на планините ги зголемува резервите на вода кои би ги пододбриле хидролошките услови, велат агрометеоролзоите од УХМР.
Како што оценуваат, повремениот локален дожд и засилениот јужен ветер денеска и утре ќе придонесат температурите да бидат во значителен пораст. Промена на времето се очекува во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање снежна покривка и во некои пониски места. Минималната температурата ќе се движи во интервал од -8 на повисоките места до 8 степени, а максималната температурата од 18 до -2 степена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања