Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
За Тик ток предизвиците кои завршуваат и фатално по животите кај тинејџерите во Македонија, министерството за дигитална трансформација изработи упатство до сите наставници и во основните и во средните училишта за како да се справат, но и да им укажат на учениците како правилно да ги користат се попопуларните апликации, но и како да ги избегнат ризиците.
Упатсвото ќе биде достапно и за родителите на веб страната на министерството, со совети како да се ограничи пристапот до некои апликации коишто сметаат дека се штетни за нивните деца. Послениот чекор кои не се исклучува е и целосна забрана за Тикток во Македонија.
Сајбер нападите пак, кои изминативе години беа се поприсутни во Македонија, како закани за бомби во училишта и институции, хакирање на веб страни на министерства, сега ќе се решаваат преку Стратегијата за сајбер безбедност која денеска помина на Владина седница.
Досега за сајбер напади немаше никој надлежност, од сега министерството за дигитална трансформација ќе биде задолжено за мониторингот и проценка на истите.
Македонија три години немаше стратегија за сајбер безбедност.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар