Бизнис
13. July 2024 - 16:47

Земјоделците незадоволни од производната и откупната цена на пченицата

Производителите на лебно зрно незадоволни од производната цена која ја утврди Земјоделскиот факултет при УКИМ. Со 14 денари за килограм пченица, не можат да се покријат осносвните трошоци, а не да се зборува за рентабилно производство. Состојбата на пазарот е уште по загрижувачка, зашто во моментот килограм пченица се откупува од 8 до 11 денари.

- Според дефиницијата на Законот ние има 25% плус производната цена. Значи тоа загарантирана цена на пченицата во Р. Македонија. За жал сега на теренот имаме општо дивеење, од страна на откупувачите, од мелничарите, не почитуваат никаква економска логија. Тука државата треба максимално да се вклучи и да им помогне на поледелеците да го пребродат овој тежок период-изјави Ѓорѓи Каракашев, Национална мрежа на земјоделци

Пченицата е стратешка култура и бараат да се интервенира преку Законот за рурален развој.

- Имаввме средба со ресорниот министер, искажана е кооперативност, има некои напори да се дојде до некое прифатливо решение. Рекоа дека будно ќе ја следат ситуацијата и доколку има простор државата ќе интервенира, но не знам на кој начин. Ние баравме да се одделат средства преку интервентниот фонд за да се постигне колку толку некоја економска оддржливост, додаде Каракашев

Досега се ожнеани повеќе од 80 % од посевите под пченица. Во Овче Поле приносите се движат помеѓу 2 и 3 тони од хектар, Од Националната мрежа на земјоделци очекуваат вкупен принос од 180 000 до 200 000 тони, што е околу 60% од потребите на населението.