Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија
Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија, рече Зеленски во интервју за американската телевизија „Њузмакс“.
Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тасс.
Зеленски во интервјуто за „Њузмакс“ додаде дека, сепак, има проблеми околу одредени територии и оти може да се разговара за детали.
-Неопходни се преговори за да се решат овие проблеми и предизвици преку дипломатски канали, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка