Пожарникарите се борат со огнот над Косел
Гори планината помеѓу Косел и Опеница
Пожар избувна денеска во планинскиот предел во реонот помеѓу селата Косел и Опеница .За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, со 8 пожарникари а вклучени се и екипи од шумското претпријатие.
Мештаните кои живеат во околината и оние кои движејќи се по патот од Битола на кај Охрид велат дека забележале густ чад како се издига од блиската планина кон небото и дека станува збор за борова шума и тешко пристапен планински терен .
Граѓаните од овој реон за Сител посочуваат дека ситуацијата со пожарот не е сјајна ни на Плаќенска планина веќе неколку дена и тој предел гори.
Активностите за справување со пожарот се одвиваат во сложени околности поради непристапноста на теренот и топлото време и ветерот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар