Македонија
21. October 2024 - 16:44

Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра

Брисел целосно не ја отфрли можноста за уставни измени со одложено дејство, и со тоа се остава простор да се најде заемно прифатливо решение, тврдат министрите за европски прашања и за надворшени работи Муртезани и Муцунски. При тоа министрите велат дека периодов има засилена дипломатска активност, а има и држави кои веќе ја разбираат македонската позција во односите со Бугарија во контекст на евроинтеграцијата. Сепак, детали нема да откриваат.

Од СДСМ сепак, се уште со дилема дали Владата има план за откочување на ЕУ процесот, бидејки според нив Мицкоски имал променливи ставови и се уште не излегол со став кои ЕУ држави даваат поддршката на предлогот. Сепак, ако ваква преговарачка позиција биде обезбедена од Владата, тие ќе дадат поддршка.

СДСМ се уште бара затворена седница за евроинтеграциите, но се уште и нема поднесено формално барање за тоа. Опозициската ЛДП веќе излезе со став дека вакви промени на Уставот се возможни бидејки според  преговарачката рамка и Заклучоците на Советот на ЕУ стои обврската државата да ги донесе, но никаде немал кога тие да стапат во сила.