Македонија
2. August 2024 - 16:36

Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини

Огненеите стихии не стивнуваат, неколку пожари се активни низ државата. Критично е на  Осоговските планини, кај Јасен и на Илинска планина. Ангелов со службите е на осоговските планини каде веќе неколку дена беснее пожарот. Теренот е тешко пристапен и се дејствува од земја и воздух. Таму се испратени 8 хеликоптери од кои 5 се од други земји. Критично е и во Македонски брод каде се делува и со поддршка од унгарскиот тим. Хеликоптери помагаат во гаснењето на речиси сите отворени и шумски пожари. Гори и во скопско Зелениково и Љубанци.

102 лица се присутни од други држави во гаснењето на пожарите како воздухоплови од Србија, Чешка, Словенија, Унгарија, Шведска и Германија. Европската комисија соопшти дека сите овие сили се испратени на барање на земјата за помош преку еу механизмот.

– Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите членки кои испратија помош, ова е солидарност на ЕУ во пракса, изјави еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич.