Македонија
8. September 2024 - 16:31

ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари

Штипското комунално претпријатие „Исар“ во првите шест месеци од годинава покажа загуба од 4,8 милиони  денари. Најголем процент од загубата се должи на враќање на рати од кредит стар повеќе од две децении, за кои до минатата година месечно се исплаќало по 1,5 милиони денари, а годинава сумата е за три пати поголема.  Дополнително, претпријатието исплатило и К-15 на вработените, јубилејни награди и бонус плата.

- Таа загуба се должи на исплатата на камата за кредитот која е 4 милиони денари месечно, континуирана исплата на регрес за годишен одмор во износ од 14.140.000 денари, како и зголемен трошок по однос на јубилејни награди и бонус плати на вработените, изјави Александар Арсовски, директор на ЈП „Исар“- Штип

Арсовски додаде дека со исплатата на регресот за годишен одмор, редовни плати и бонус плати, се намалува процентот на судски трошоци, што изминатите години пристигнувале на адреса на ЈП „Исар“.  

- Со потпишувањео на спогодбите, за скоро 71 % се намалени трошоците по однос на судски трошоци. Со овој континуитет може претпријатието да функционира, со огледа на тоа што веќе подолг период ваквите финансиски показатиле се континуиран тренд, додаде Арсовски.

Последните анализи покажале и дека е зголемена свеста кај граѓаните и поредовно за разлика од претходните години се плаќаат сметките за комуналните услуги.