Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
Да се казнат сите деца кои уништуваат клупи и лулашки по парковите со општокорисна работа. Но, за секоја скршена даска од клупа, освен деликвентите, и нивните родители ќе треба да се фатат за работа. Иницијативата на ЗЕЛС за казнување на малолетници кои дивеат утре ќе се најде на владина седница. Надлежните ќе ја разгледуваат, па дополнително ќе соопштат дали ќе дадат зелено светло за формирање на работна група составена од претставници на надлежните институции, која треба да изнајде најдобри решенија, со цел имплементација на овие предлози.
Во меѓувреме, првиот човек на македонската полиција со градоначалници, синоќа тргнаа во потрага по малолетници деликвенти. Шетааа низ скопските улици за да најдат деца кои се надвор по полноќ, но обиколката покажала дека немало такви.
За полесно да бидат идентификувани децата со девијантно однесување кои кршат и лудуваат по парковите во Скопје, на маса е и предлогот да се постават камери на ваквите места. Но, дали тоа ќе биде обврска на општините или пак на
МВР во склоп со проектот Безбеден град, допрва ќе се одлучува.
Инаку, сторителите кои лани направија хаос во паркот во Капишетец се фатени и полицијата постапува по пријавите за нив.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар