Зеленски: Дојдов во Вашингтон за да им заблагодарам на САД за помошта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека отпатувал во Вашингтон за да им се заблагодари на САД за помошта во војната против Русија.
„Денеска сум во Вашингтон за да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за помошта што очајно и е потребна на Украина. И да ја продолжиме соработката, за да се доближиме до нашата победа“, напиша Зеленски во објавата на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додава дека ќе одржи серија преговори за зајакнување на стабилноста и одбранбените способности на Украина.
„Со претседателот Бајден особено ќе разговарам за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме на територијата на целата наша земја“.
Зеленски денеска пристигна во Вашингтон, каде треба да се сретне со американскиот претседател Бајден и да се обрати пред членовите на американскиот Конгрес.
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс