Зеленски: Дојдов во Вашингтон за да им заблагодарам на САД за помошта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека отпатувал во Вашингтон за да им се заблагодари на САД за помошта во војната против Русија.
„Денеска сум во Вашингтон за да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за помошта што очајно и е потребна на Украина. И да ја продолжиме соработката, за да се доближиме до нашата победа“, напиша Зеленски во објавата на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додава дека ќе одржи серија преговори за зајакнување на стабилноста и одбранбените способности на Украина.
„Со претседателот Бајден особено ќе разговарам за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме на територијата на целата наша земја“.
Зеленски денеска пристигна во Вашингтон, каде треба да се сретне со американскиот претседател Бајден и да се обрати пред членовите на американскиот Конгрес.
Ново на Сител
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа