Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД

Во своите први коментари по средбата со Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на својот американски колега Доналд Трамп и на Американците, неколку пати.
- Благодарам Америка, благодарам за вашата поддршка, благодарам на оваа посета. Благодарам на претседателот на САД, Конгресот и американскиот народ, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Х“ откако ја напушти Белата куќа по расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп.
- На Украина и треба праведен и траен мир и ние работиме на тоа во моментов, рече Зеленски.
Трамп претходно му кажа на Зеленски дека треба да биде „благодарен“ за американската поддршка, додека потпретседателот Џеј-Ди Венс го обвини дека не му се заблагодарил за време на состанокот.
Заедничката прес-конференција на која требаше да биде потпишан договорот за минерали меѓу САД и Украина беше откажана, а Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа. Трамп потоа на социјалната мрежа „Truth social“ напиша дека „Зеленски може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
