Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина

Краткото велигденско примирје меѓу Украина и Русија, објавено во четвртокот од Владимир Путин и прифатено од Володимир Зеленски, треба да почне денеска попладне.
Кремљ посочи дека примирјето ќе стапи на сила во 16:00 часот (13:00 часот по Гринич) денеска и ќе трае 32 часа.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белошов и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов добија наредба да „престанат со борбените операции во сите правци во тој период“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека неговата земја е подготвена да ја почитува оваа ретка пауза во непријателствата, бидејќи разговорите насочени кон ставање крај на четиригодишниот конфликт заглавија поради војната на Блискиот Исток.
Слично примирје беше објавено минатата година, исто така за православниот Велигден, но двете страни се обвинија меѓусебно дека го прекршиле повеќепати.
Неколку рунди преговори спонзорирани од САД не успеаја да ги доближат завојуваните страни до договор, а процесот се забави бидејќи вниманието на Вашингтон се префрли на Иран.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објавувањето на ова кратко примирје не е поврзано со преговорите за прекин на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
