Завршува реконструкцијата на ОУ „Климент Охридски“ - Делчево
Реконструкцијата на делчевската деветтолетка „Климент Охридски“ треба да заврши за десетина дена со што ова училиште ќе стане енергетски ефикасно. Со средства од МОН во висина од 11,5 милиони денари, ова училиште доби нов термоизолационен покрив и нови ПВЦ прозорци и врати.
Директорката на училиштето Валентина Михаиловска истакна дека оваа реконструкција се случува по 30 години.
- Овој проект е целосно финансиран од МОН и очекуваме да заврши за 10-ина дена. Со тоа новата учебна година ќе ја започнеме во пријатни услови и ќе штедиме енергија, посебно очекуваме да ги намалиме трошоците за нафта. Старата училишна зграда чија градба е белег на градот и оставштина од 1926 година, се реновира по 20 години, и оваа зграда доби ПВЦ прозорци со боја која го чува автентичниот лик на објектот, изјави Михаиловска.
Реконструкцијата, додаде, е продолжение на инвестицискиот циклус на училиштето кое за да работи само во една смена, инвестираше околу 300 илјади денари сопствени средства.
- Преградивме две поголеми училници од кои добивме четири нови, така што училиштето работи во една смена, а со поддршка од Општината обебзедивме и сосема нови врати за училниците, бидејќи, навистина, ни беа далеку од неопходни, рече Михаиловска
Во училиштето учат 620 ученици, а оваа година во прво одделение се запишани 62 првачиња.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче