Завршија подготвителните рочишта за судскиот спор на Петровска против Ковачки, главното судење на 30 ноември
Завршија подготвителните рочишта во Основен суд 2 за судскиот спор за навреда и клевета, кој министерката за одбрана, Славјанка Петровска, го иницираше против пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за обвинувањата на пратеникот дека Петровска крие луксузен имот во Радишани, кој не го пријавила во својот Анкетен лист до ДКСК.
Главното судење е закажано за 30 ноември, а како сведоци Петровска ги предлага сопствениците кои располагаат со имотот, за да потврдат дека таа никогаш нема изградено објект на тој имот, како и директорот на катастарот за да може да се потврди веродостојноста на доказите. Во консултација со судот и на барање од одбраната на тужениот, Петровска вели, било побарано да се повлече од распит на тие сведоци.
-Како што претходно изјавив, немам што да кријам. Доказите кои му ги презентиравме на судот се доставени и до тужениот. Тие се вистинити и единствени докази кои го потврдуваат моето тврдење, а го негираат неговото. Побарав и инсистирав и јас пред судот да бидам распрашана за да одговорам на сите прашања кои што изминатиот период ми беа упатувани во врска со овој предмет, рече Петровска.
Не е вистина дека доказите кои ги нуди одбраната биле избришани од катастар, вели Петровска, и како што рече, доказите кои таа ги има доставено до судот и до тужениот, се всушност докази прибрани од катастар. Како оштета Петровска бара парично помирување, но како што рече, до крајот на судскиот процес може да има измени.
Бранителот на Ковачки, нагласи дека одбраната до судот доставила писмени докази, со кои како што вели, ќе докажат дека биле запазени одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
-За нас како одбрана во оваа ситуација јасен е ставот кој се надеваме дека судот ќе го утврди со пресудата, односно повеќе од јасно е дека се запазени одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во делот на она што е основано сомнение и пробудило сомнеж кај пратеникот да отвори прашања од јавен интерес кои што се значајни за граѓаните на Република Македонија. Тоа го докажавме со писмените докази кои ги доставивме до судот во текот на судската постапка, појасни бранителот на Ковачки.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза