Заврши реконструкцијата на мостот на истекот на Црн Дрим од Охридското Езро
Заврши реконструкцијата на мостот со кој се врши регулација на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим, проект кој го релизираше компанијата ЕЛЕМ во периодот од декември минатата година.
Проектот, како што информира ЕЛЕМ, се состои од целосна замена на старите талпи со нови со цел поголема безбедност за пешаците, а истовремено ја задржа автентичноста.
-Активностите за обновување и зајакнување на мостот почнаа во декември минатата година, но во јануари паузираа поради временските непогоди и екстремно ниските температури. Реконструкцијата е извршена со материјали, кои ќе го задржат неговиот автентичен изглед, а ќе обезбедат безбедност за граѓаните на Струга и на туристите кои го користат овој премин, соопшти ЕЛЕМ.
Проектот за механички испуст на сегашниот регулациски мост е изработен во осумдесеттите години на минатиот век, а последна реконструкција била направена во 2010 година.
ЕЛЕМ, како што е наведено во информацијата, подготвува барање за добивање согласности за темелна реконструкција на мостот и на испустот. Реализацијата на таков проект, според компанијата, ќе зависи од добиените мислења и услови од УНЕСКО, Министерството за животна средина, Општина Струга и други надлежни институции, со оглед на тоа што Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО и сите иницијативи и зафати во езерото се подложни на соодветен мониторинг.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина