Македонија
8. September 2018 - 14:22

Затворениот градски базен во Куманово подготвен за претстојаната сезона

Затворениот градски базен е подготвен за претстојната сезона, информираа надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ под чии ингренеции е спортскиот објект. Испуштена и заменета е водата во базенот, достигната е потребната температура и извршени се санирања на одредени елементи во базенот.

- Ги поканувам и рекреативците и сите да уживаат во базенот, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Услугите на затворениот градски базен ги користат учениците, но и рекреативци како и неколкуте приватни школи за пливање. Билетот за еден час користење останува исто како и претходната година, 100 денари. И годинава останува обврската за потребни одредени реквизити за капење. Во наредниот период, ќе се утврдат термините за користење на базенот од страна на основците и средношколците.

Стојчевски информираше дека летово се продадени за една третина помалку билети на отворениот градски базен.

- Изминатата сезона продадовме околу 9.000, а минатата година имаше околу 15.000 продадени билети. Ова се должи на врнежливото време и пониските темпертаури со кои се карактеризираше летото, изјави Стојчевски.