Затворени гласачките места во Хрватска
Во Хрватска во 19 часот по локално време беа затворени гласачките места на кои 3,8 милиони граѓани одлучуваа која политичка опција во следните четири години ќе ги претставува во парламентот на земјата.
Наскоро се очекуваат и првичните резултатите од излезните анекти. Државната изборна комисија објави дека излезноста до 16:30 часот изнесувала 46,57 проценти.
Во Хрватска и 48 држави се избираа 151 пратеник, од кои 140 во десет изборни единици на територија на Хрватска, три од дијаспората и осум претставници на националните малцинства.
Ова се осми парламентарни избори во Хрватска, но први со преференцијален глас.
Првите изборни резултати со околу 15 отсто од гласачки места, Државната изборна комисија ќе ги објави во 22 часот, додека на полноќ треба да бидат познати околу 80 проценти од гласовите, пренесуваат хрватските медиуми.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ