-->
-->
Затворен добиточниот пазар во Облешево
-->
По налог на Агенцијата за храна и ветеринарство од денеска е затворен добиточниот пазар во Облешево, поради појавата на биолеста чвореста кожа кај добитокот.
Затворањето на пазарот, кој секој вторник ги собира сточарите од повеќе делови на Македонија и трговци од државата и јужна Србија, денеска ги изненади многумина. Десетината говеда,свињи, јагниња и јариња беа вратени дома, а одговорните од добиточниот пазар не дозволија во него да влезе било каква стока.
- По известувањето од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презедовме сите потребни мерки добиточниот пазар да биде затворен и да не се дозволи пристап на непроверена стока. Штетите ќе бидат големи од неработењето на пазарот како за нас така и за сточарите, истакна Стефчо Николов, раководител на добиточниот пазар во Облешево.
Николов апелира до сточарите во меѓувреме да ја вакцинираат стоката што ја поседуваат и со потребните сертификати издадени од ветеринарни институции да можат да влезат на пазарот кога тој ќе биде отворен за користење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче