Засилени безбедносни мерки во Турција поради курдската Нова година
Турските власти воведоа засилени безбедносни мерки во регионите со курдско население во земјата, во пресрет на денешната прослава на курдската Нова година - Невруз.
Властите неодамна изразија стравување дека со наближувањето на курдската Нова година, постои опасност од зголем број терористички напади.
Засилените безбеднсни мерки доаѓаат и по серијата бомбашки напади во Анкара и Истанбул последниве неколку недели, во кои загинаа над 80 лица.
Како што јавија турските медиуми, властите донесона одлука за укинување на полицискиот час во најголемиот град во југоистолна Турција, Дијарбекир, но во исто време ги засилија мерките за безбедност.
Полицискиот час во реонот на Дијарбекир е укинат од утрово во 6 часот по локално време (5 часот по средноевропско време).
Полицискиот час беше воведен по засилените напади и акции на припадниците на Курдската работнича партија (ПКК) во регионот, по кои уследи и операција на турските безбедносни сили за неутрализирање на бунтовниците.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори