-->
-->
Заштита на водопадите кај езерото Градче крај Кочани
-->
Здружението на граѓани Општински спортски актив од Кочани започна со реализацијата на проектот за уредување, заштита и промоција на водопадите на Кочанска река кај езерото Градче.
Се работи за проект со кој природните вредности на водопадите, заштитата на биодиверзитетот и промоцијата на самиот локалитет ќе бидат достапни до граѓаните и пошироката јавност.
- Се работи за проект кој треба на јавноста да и го презентира ова природно богатство во подножјето на Осоговските планини на Кочанска река која се влева во езерото Градче. Веке поставивме инфо-табли со што ги презентираме пред јавноста природните вредности на локалитетот, а подготвивме и флаери и постери за промоција на водопадите. Ќе се изработи и видиковец до самиот водопад, ќе бидат поставени клупи и корпи за одпадоци. Проектот нашето здружение го доби преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, која во целост ги помага активностите за зачувување на природата по сливот на Брегалничкиот регион во вкупна вредност од 590 илјади денари, ни изјави Николчо Колев, претседател на Здружението и координатор на проектот.
Според Колев проектот ќе биде заокружен со работилница на која ќе учествуваат ликовни уметници, спортисти и спортски здруженија, се со цел промовирање на убавините на водопадите и промоција на ова излетничко и рекреативно место за користење за пешачење и рекреација, планински велосипедизам и слично.
Водопадите на Кочанска река кај езерото Градче се дел и од туристичката понуда на Кочанскиот крај во овој дел на Осоговските планини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната