-->
-->
Зара ќе затвори 1.200 продавници
-->
Светски познатиот моден бренд „Зара“ ќе затвори 1.200 свои продавници, претежно на европскиот и азискиот пазар, како резултат на загубите направени за време на пандемијата на Ковид -19, јави агенцијата Анса.
„Зара“, која е водечки бренд на групата „Индитекс“, која ги има брендовите „Пул енд Беар“, „Страдивариус“, „Бершка“, „Ојшо“, „Зара Хом“, „Масимо Дути“ и „Утерк“, во првиот квартал од оваа година имаше продажба за 44 проценти помала во однос на истиот период минатата година.
Првата продавница на „Зара“ беше отворена во 1975 година во градот Ла Коруња, Шпанија, а проширувањето на мрежата на продавници во светот започна во 90-тите години.
Денес „Зара“ има 7.500 продавници во 96 земји, а вработува 173.000 работници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек