Македонија
20. August 2024 - 12:27

Започнаа подготовките за 16-тата по ред „Штипска Пастрмалијада“

На 20-ти и 21- ви септември во Штип ќе се одржи 16-тата по ред Пастрмалијада. Овој пат ќе биде на нова локација, во централното градско подрачје на главнта улица во градот која во меѓувреме се реконструира и поплочува за да биде шеталиште и се планира да биде целосно завршена до 15-ти идниот месец. На далуку познатиот штипски гурмански специјалитет ќе може да се вкуси на 30-тина штандови, а цената стандардот на пастрмајлиите дополнително ќе се утврдува. 

= Дефинитивно, ќе има мали промени во однос на цените и на условите за учество, затоа што овогодишната „Пастрмалијада “ затоа што се планирани типски унифицирани куќички во кои што угостителите ќе можат да ја изложат и продаваат пастрмајлијата. За прв пат оваа година ќе има и денска програма, а главната сцена ќе се наоѓа зад трговскиот центар, изјави Александар Арсовски, организатор

Организаторите и годинава очекуваат масовна посетеност, со гости од земјава и странство. Ќе се подготвува џиновска пастрмајлија, а ќе има и натпревар во брзо јадење на вкусниот специјалитет. Предвидена е богата музичка програма, пред се од македонски изведувачи, Антонија Гиговска, Дани Димитровска кои ќе настапат во петок навечер, а во сабота се Жаре Бербер, Јордан Митев и хрватската мега ѕвезда Петар Грашо.