Заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија
Во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска ќе биде промоворана 15. генерација на потпоручници, а заклетва ќе даде 19. генерација питомци.
На свеченоста ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски, а ќе присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Обраќање ќе има и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски.
Свечена заклетва ќе дадат 37 студенти питомци и 9 студенти. Од студентите-питомци на Воената академија, 29 се од Република Македонија (10 од женскиот пол), 3 од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора (сите од женскиот пол) и 2 од Косово.
Во потпоручници ќе бидат промовирани 35 студенти питомци. Од нив 31 се од Република Македонија (8 припаднички на женскиот пол) и 4 од Црна Гора.
Ново на Сител
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка