Захарова: Лавров ќе има повеќе билатерални средби во Скопје
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе има повеќе билатерални средби на маргините од Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, а се предвидени и мултилатерални состаноци, соопшти денска портпаролката на МНР на Русија Марија Захарова.
- Можам да потврдам дека има многу барања за билатерални средби. Ќе има и мултилатерални средби, во мултилатерални формати, информира Захарова на денешниот брифинг во Москва, пренува ТАСС.
Захарова не откри детали со кого се Лавров ќе се сретне во Скопје, но се пожали на опструкции од, како што наведува, САД и „колективниот Запад“ со цел да се спречи нормалното учество на Русија на форумот на ОБСЕ. Посочи и дека на неколку руски новинари им било онезвоможено да го следат учеството на руската делегација на настаните во Скопје.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња