Заев: Законот за државјанство помина на Влада и ќе биде со европско знаменце
Законот за државјанство денеска помина на Влада и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев.
-Законот е согласно декларациите за државјанство усвоени во ЕУ. Последните промени беа со коресподентни табели – комплетно вградување на европските регулативи во нашето законодавство. Се прават пошироки критериумите за решавање на проблемот со државјанството. Генерално сме усогласени, власта и опозицијата. Законот е блокиран од мала политичка партија Левица која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и нетрпеливост што треба да го чуваме и негуваме, а не да го поттикнуваме и разгоруваме, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со министерката Јагода Шахпаска.
Според Заев, иако законот е поднесен на иницијатива на Алијанса на Албаните и Алтернатива, договорено е Владата да го пушти.
-Се работи за буквално истиот текст поднесен од пратениците. Службите овие денови ќе го испратат до Парламентот, додаде премиерот.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче