Заев: Со амандманите на буџетот да се прифати тоа е што е добро и возможно
Премиерот Зоран Заев порачува од поднесените амандамани на Предлог буџетот за 2020 да се прифати тоа што е добро и реално, но не и, како што вели, политиканство.
– Моите насоки до Министерството за финансии е за се што е добро и реално возможно прифаќајте, да се вградиме сите, Буџетот е на сите во државата. Така што тоа што е прифатливо да, а тоа што е апсолутно само политиканство, државата мора да го држи серозниот аспект на приходната и расходната страна заради сериозна реализација на Буџетот, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарски прашања по трибината со здравствени работници.
На текстот на Предлог буџетот за 2020 година се поднесени 350 амандмани од кои 314 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Расправата почна вчера во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион