Заев: Сериозно ќе размислиме за одржливоста на коалицијата со ДУИ
СДСМ сериозно ќе размисли за односот во коалицијата со ДУИ по блокадата на измените во изборниот законик кои требаше да донесат една изборна единица.
Премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање не го криеше незадоволството од потегот на коалициониот партнер во Владата кој на измените на Изборниот законик поднесе над 5.000 амандмани.
- „Кога гледаме дека има 9.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ поднел 5.000 амандмани, колку што ми кажаа. И ако тоа го знае ДУИ дека поднел ВМРО-ДПМНЕ 9.000 амандмани а тие поднесуваат 5.000 амандмани а се партнер во Владата. Прво јас можам да разберам после и нашите презентации колку тоа добива ДУИ, колку добива кај Албанците во државата генереално, сепак да го поднесат тоа, кажете ми вие јас што да мислам, што да мисли народот, коалицијата, колку е таа одржлива или не, навистина ова е за сериозна причина за сериозни размислувања кои што СДСМ ќе ги отвори. “ – вели Заев.
Прашан дали тоа значи дека ќе има нова коалиција премиерот уште еднаш рече дека сериозно ќе размисли.
„5.000 амандмани е навистина лоша порака. Кој и да е too much. Сето оваа дискусија што се случува во овие денови нас ни е јасно дека е изборна кампања,јасни ми е дека секоја политичка партија се поставува но нас ни е должност сите политички пораки што се испратени до нас ќе ги разгледаме“ – вели Заев.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување