Македонија
13. јуни 2022 - 17:40

Заев: Пративме 20 тони производи хуманитарна помош во Украина преку фондацијата “Заев - Едно општество за сите“

 Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.

– Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи, пишува Заев.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, Заев порача дека е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет.