Македонија
10. November 2019 - 13:21

Заев: Оваа наша иницијатива е добра за сите граѓани во регионот

Лидерите на Македонија , Србија и Албанија , премиерот во заминување Зоран Заев , претседателот Александар Вучиќ и премиерот Еди Рама на заедничка прес конференција во Охрид ја објаснија потребата од донесувањето на т.н. ,,мал Шенген” со кој ќе се овозможи отворен проток на луѓе и стока низ целиот регион без големи административни процедури.

Тоа во целиот регион , вклучително и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, ќе направи подобри услови за бизнис и за поедноставно движење на граѓаните, како и зголемен интерес за странските инвеститори , нагласи премиерот на Македонија , Зоран Заев на прес конференцијата што е во тек.

- Оваа иницијатива носи добро за целиот Балкан и напоменувам дека сето ова што го правиме ние, на наша иницијатиове е подобрување амбиентот на цлиот Балкан рече Заев.