Заев: Носењето на законот за јавно обвинителство е сериозен државнички порив
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев од Тетово порача дека е добро за државата сега, пред избори, да се донесе законот за јавно обвинителство. Изрази надеж дека Владата ќе го усвои на наредната седница за да може до распуштање на Парламентот да се најде на пленарна седница.
-Ова ќе биде дополнителна причина и мотивација за земјите членки и европскиот комесар да донесат позитивна одлука во времето кога ќе одлучат за датумот за проширувањето. Ова е сериозен државнички порив кој го очекувам од сите пратеници. Сега сме растеретени од СЈО, предметите се осигурани, тие се под контрола на Јовевски, во судска постапка и продолжуваат понатаму. Верувам дека трезвеноста и државничкиот капацитет на Парламентот ќе се докаже на дело, во случај ако не биде така, ќе видиме кој не гласал и кој како се определил, но дефинитивно верувам дека може да се смогнат сили да се обезбеди двотретинско мнозинство за овој закон, истакна Заев, кој денеска во Тетово беше на средба со членови на Здружението на пензионери како и со партиски членови.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух