Заев: Без да ги кршам протоколите би бил меѓу првите кои ќе ја примат вакцината
Без да ги кршам протоколите би бил кеѓу првите кои ќе ја примат вакцината, кажа премиерот Зоран Заев во денешната Тема на денот на Сител.
-Без да ги кршам протоколите, да не бидам пред сестрите, докторите или слично. Ако притоа е важно за сите да оцениме оти треба да го дадам примерот, јас ќе го дадам веднаш, несакајќи да ги прекршам протоколите односно да ги скокнам лекарите и пензионерите или хронично болните. Меѓутоа, сигурно ќе бидам меѓу првите што ќе ја прими вакцината за да испратам порака дека е здрава, дека е безбедна, рече Заев.
Заев додаде и дека сите треба да ја примат вакцината.
- Треба да знаеме сите дека нема да има можност да не пушти никој да излеземе надвор од државата, односно да влеземе во друга држава ако немаме примено вакцина. Сите се штитат за да не се шири заразата. Колку порано се вакцинира населението, толку побрзо ќе ја искорениме оваа ковид криза и ќе се вратиме во нормала.
Ново на Сител
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за унгарскиот кредит, сумата ќе надмине 250 милиони евра
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените