За три месеци во дел од Индија не е родено женско дете, покрената истрага за абортуси за полова селекција
Ниту едно од 216 деца кои се родени во 132 села во Индија во последните три месеци не е женско, покажуваат најновите владини податоци. Поради тоа во северниот дел на Индија покрената е истрага за извршување абортуси со цел избор на полот на детето.
Властите во државата Утаракханд соопштија дека официјалните податоци се алармантни и постои сомневање за широко распространет женски фетицид, пишува британски „Индепендент“.
Индија со закон ги забрани абортусите за полова селекција уште во 1994 година, но таа пракса е вообичаена во земјата во која родителите традиционално машките деца ги сметаат за „глава на семејството“, а женските за „скапа обврска“.
Судијата Ашиш Чаухан смета дека стапката на женски родени деца била сомнителна и дека станува збор за женски фетицид.
– Ова е проблем на индиското општество и ние треба сериозно да размислиме и да преземеме конкретни чекори со цел жените на подобар начин да се гледаат во општеството, се наведува во извештајот на индиската Влада.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември